Тевдовски: Првата транша евтини кредити од ЕИБ од 15 милиони евра ќе биде прфрлена на фирмите следната недела

204

Првата транша во износ од 15 милиони евра евтини кредитит за малите и средни претпријатија преку ЕИБ, ќе биде префрлена следната недела. Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и потпретседателот на Европската инвестициска банка Ендру Мекдовел.

– Ова се првите средства од целосната кредитна линија за мали и средни претпријатија во износ од 100 милиони евра. Бордот ја има одобрено траншата од 15 милиони евра и истата треба да се повлече на 17-ти месецов, односно следната недела. Со ова ќе се поддржат инвестициите на 39 мали и средни фирми – рече Тевдовски.

Речиси 90 отсто од проектите во првата транша се долгорочни инвестиции. Најмногу се инвестира во деловни објекти, опрема и транспортни средства, а помалку во обртни средства. Ова значи и отворање на повеќе нови работни места.

Тевдовски посочи дека покрај евтината кредитна линија за мали и средни претпријатија  со ЕИБ се зборувало и за финансирање на третатата делница на пругата на Коридор VIII, односно до границата со Бугарија. Исто така се зборувало и за нови 50 милиони евра за проектот за изградба на водоводи и канализација.

– Особено е значајна поддршката која ЕИБ ќе ја даде во енергетскиот сектор во земјава, односно гасно поврзување со Грција – рече Тевдовски.

Се очекува ЕИБ, заедно со ЕБОР да учествуваат во финансирање на Пречистителна Скопје.

Делегацијата предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката Анита Ангеловска -Бежоска покрај ЕИБ, оствари средба и со  Пол Томпсен, директор на ММФ за Европа и Јасмин Рахман, шефот на мисијата на ММФ за земјава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...