Трамп ја вработи поранешната ѕвезда на „Дизни“

187

Каролин Саншајн е новата асистентка за медиуми во Белата куќа и последната ѕвезда од телевизија што американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја вработи во својата администрација.

Каролин Саншајн (22) е поранешна детска ѕвезда на „Дизни“, најпозната по улогата во детската комична серија за тинејџерските танчарки „Shake it Up“. Саншајн веќе работела во Белата куќа како стажантка, но во добивањето на работата веројатно ѝ помогнал и фактот дека има 500.000 следбеници на Твитер и 235.000 на Инстаграм.

– Каролин Саншајн беше стажантка во Белата куќа. На факултет беше поврзана со институтот „Американ ентерпрајс“ и беше активна членка на својот училиштен тим „Модел јунајтед нејшнс“. Пред своето стажирање во Белата куќа, Каролин стажираше во кабинетот на водачот на Конгресното мнозинство Кевин Меккартни, за Националниот одбор на факултетските републиканци и за Калифорниската републиканска партија – навела за Си-ен-ен портпаролката на Белата куќа, Линдзи Волтерс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...