Ти­неј­џер ќе се жени со мај­ка­та на сво­јот нај­до­бар при­ја­тел

Тој има 18, а таа 39 години,. На ули­ца се­кој­днев­но ги сме­та­ат за мај­ка и син, за­тоа вни­ма­ва­ат ка­ко се од­не­су­ваат.

379

Чејс Га­бард (18) од Кен­та­ки имал 11 го­ди­ни ко­га ја за­поз­нал же­на­та на сво­јот жи­вот Џеј­ми Бра­ун (39), мај­ка на не­го­ви­от нај­до­бар при­ја­тел. Тие се за­поз­на­ле ко­га Чејс започ­нал да се дру­жи со си­нот на Џејс.

Со го­ди­ни Чејс и Џеј­ми се дру­желе, а во 2013 тој ѝ по­могнал да ос­лабе. За­ед­но трчале, па за ед­на го­ди­на таа ос­лаб­на­ла 45 ки­лог­рами.

Ко­га Чејс на­пол­нил 18 го­дини, ко­неч­но соб­рал храб­рост да го нап­ра­ви она што со годи­ни го со­ну­вал, ја бак­нал мај­ка­та на сво­јот нај­до­бар при­ја­тел.

– Имам три де­ца и при­о­ри­тет ми бе­ше да се уве­рам де­ка ним им е во ред тоа што јас сум со Чејс. Ко­га се сло­жија, ние про­дол­жи­вме. Чејс ме зап­ро­си не­кол­ку­пати, но јас го од­би­вав. Ме­ѓу­тоа се­га ко­неч­но ка­жав да и пла­ни­ра­ме свад­ба – рек­ла Џејми.

На ули­ца се­кој­днев­но ги сме­та­ат за мај­ка и син, за­тоа вни­ма­ва­ат ка­ко се од­не­су­ваат.

– Се држи­ме за рака, но се бак­ну­ва­ме са­мо во об­раз или во чело, ни­ко­гаш во уста. Чес­то се слу­чу­ва во про­дав­ни­ци­те или во рес­то­ра­ни­те не­кој да му ка­же на Чејс да пре­не­се на „мај­ка му“, мис­леј­ќи на мене, но јас не се оп­то­ва­ру­вам со тоа – об­јас­ни­ла Џејми.

Џеј­ми и Чејс се­га ја до­би­ва­ат под­дршка­та од две­те се­меј­ства, но не би­ло та­ка се­ко­гаш.

– Да, на по­че­то­кот бе­ше про­тив на­ша­та врска – мис­леј­ќи на мај­ка­та на Чејс – но се­га нè под­држува. Јас­но ми е зош­то не е нај­среќ­на по­ра­ди фак­тот де­ка неј­зи­ни­от син ќе се оже­ни со же­на 20 го­ди­ни по­стара, но се­ко­ја врска е коцка­ње – до­да­ла Џејми.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...