САД и некои други земји планираат да основаат фонд за Венецуела од 10 милијарди долари.
– Фондот ќе им биде наменет за идните власти на Венецуела за придвижување на економијата – изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.
Тој истакна дека иницијативата е покрената во четвртокот, на средбата на претставниците на 19 држави на маргините на пролетниот состанок на ММФ и Светска банка. Меѓу присутните земји биле Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада.
– Кога и да учествувам на состанок од ваков тип не можам да верувам колку е влошена состојбата на Венецуелците – нагласи Мнучин.