Ципрас: Грција повеќе не е „црна овца”

176

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека со зачленување на Грција во Иницијативата 16 + 1, која ја сочинуваат земјите од Централна и Источна Европа и Кина, неговата земја ја потврдила својата водечка улога на Балканот и ја обновила репутацијата.

Грчкиот премиер изјави дека неговата земја е центарот на поврзувањето на регионот и столб на стабилноста, безбедноста и соработката во североисточниот Медитеранот, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор.

-Грција пред четири години беше неуспешна земја, „црна овца” на Европа, без пристап до големите предизвици и случувањата во регионот и во конфликт со своите соседи –  рече Ципрас, додавајќи дека Грција е денес земја која сите ја признаваат, која излезе од големи економски тешкотии и проблеми и ја врати репутацијата.

Грчкиот премиер, исто така, истакна дека Грција требала да биде членка на Иницијативата 16 + 1 од 2012 година, но дека Кина и други 16 земји не ја прифаќале токму поради „конфликтот” со северниот сосед, кој беше во таа организација, но под своето старо име.

-Грција очигледно не можеше да учествува – рече Ципрас, додавајќи дека сите во Грција верувале дека грчката позиција за името на северниот сосед сите ја следат, а што беше погрешно.

Ципрас заклучи дека пристапот на Грција во Иницијатива 16 + 1, која отсега ќе се нарекува Иницијатива 1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...