Идеја за брз ручек со фини состојки: Пилешко со њоки во сос

392

Во продолжение ви издвојуваме идеја за брз ручек со фини состојки.

Станува збор за пилешко со њоки во сос од сенф и павлака за готвење

Потребно е:
4 парчиња пилешки стек
5 лажици путер
1 лажица сенф
300-400 мл павлака за готвење
1-2 лажички ким
1 пакување њоки

Подготовка:
– Сварете ги њоките во солена вода.

– Пилешкиот стек исецкајте го на коцкички и пропржете ги на путер.

– Кога ќе добијат убава боја, додадете го сенфот, а веднаш потоа и павлаката за готвење.

– Посолите и побиберите.

– Кога ќе почне да врие, исклучете ја ринглата и додајте ги њоките.

– Одозгора посипете со ким.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...