Актерката Анџелина Џоли не сака да се разведе од Бред Пит, пишуваат американските медиуми. Тие во септември 2016 година поднесоа документи за развод, сепак сега според најновите информации Џоли наводно сака да го врати својот бивш сопруг во нејзиниот живот.
Наводно, таа е причината поради која Џоли сѐ уште не го потпишала документот за развод. Според медиумите, таа на Бред јасно му дала до знаење дека сака да се смират и го сака назад. Џоли сакала повторно да станат семејство, но Бред не сакал ни да чуе за тоа и единствено му се важни нивните шест заеднички деца.