Изложбата „Небото на Идила“ од Зорица Георгиевска в понеделник во „Ко-Ра“

118

Во салонот „Ко-Ра“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје на 2 април во 18 часот ќе се отвори изложбата на цртежи „Небото над Идила“ од Зорица Георгиевска.

Изложбата е резултат на реализација на проектот „И старите можат!!!“ на Центарот за култура и културолошки студии за поддршка на социјалната инклузија на старите лица сместени во домовите.

Георгиевска е дипломирана правничка, пензионирана артистка и режисерка во РТС.

Авторка е и режисерка на наградувани радио драми, на две книги: кратката лирска проза „Од другата страна“ и „Две сценарија за филм“. На 80 годишна возраст почнува и ликовно да се изразува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...