Лекарите тврдат дека тешките метали во организмот може да предизвикаат многу
тешки заболувања, како рак, проблеми со бубрезите или ослабнување на коските.
Сепак, постои едно растение со чија помош може да се намали или целосно исфрли
количината на тешки метали од организмот. Се работи за коријандер.
Ова растение може да го одгледувате во саксија на вашата тераса и секогаш да го
имате свежо за да го употребите во смути или за чај. Содржи калиум, калциум,
манган, железо и магнезиум, витамини А и К, а има и антисептички и антигабични
својства.
Истолчен свеж коријандер може да се користи како додаток на салати, како и зачин во храната. Исто така, може да приготвите и лековита напивка од:
– Половина шолја ситно сечкан коријандер;
– Половина шолја свеж сок од јаболки;
– Половина шолја вода;
– Една лажичка пченична трева во прав.
Со помош на оваа напивка ќе можете да ги исфрлите тешките метали и токсините
кои што се наталожиле во вашето тело.