Човечките органи си имаат „двојници“ во природата, домати за срцето, ореви за мозокот

Доколку сакате да имате здраво срце и здрави крвни садови или пак доколку имате одредени здравствени проблеми поврзани со овој витален орган, обидете се секојдневно да јадете патлиџан.

308

Дали знаете дека постојат луѓе во светот кои храната ја бираат според нејзиниот изглед, но не по тоа дали таа е свежа или не или пак дали таа е органска или не, туку јадат храна која што на прв поглед потсетува на некој од човечките органи. Па така, доколку некој човек сака да има здраво срце, поголемиот дел од оброците му се сведуваат на патлиџан.

Доколку пак, некоја жена која што верува дека ваквиот начин на исхрана ќе и помогне да зебремени, јаде храна која откако ќе расцвета па се додека нејзиниот плод да биде подготвен да се јаде и се потребни девет месеци.

Патлиџан
Доколку сакате да имате здраво срце и здрави крвни садови или пак доколку имате одредени здравствени проблеми поврзани со овој витален орган, обидете се секојдневно да јадете патлиџан. Доколку на патлиџанот му се направи средишен пресек, ќе видите дека тој многу наликува на човечкото срце, затоа што во својата внатрешност е поделен на четири комори а има и црвена боја. Покрај тоа, овој зеленчук во својот состав има големи количини на калциум со што уште еднаш се потврдува тезата дека оваа намирница е храна која што совршено влијае на здравјето на срцето.

Орев
Доколку се направи пресек на оревот ќе видите дека тој многу наликува на човечкиот мозок, односно неговите јатки изгледаат исто како левата и десната хемисвера на човечкиот мозок.Токму поради тоа, луѓето сакаат да го јадат, верувајќи дека на тој начин ќе се ја продлабочат меморијата и ќе станат многу поинтелигентни.

Целер
Целерот луѓето го јадат за да имаат здрави и цврсти коски. Дури и научно е докажано дека, секојдневното јадење на оваа намирница многу помага во зацврстувањето на коските. Во составот на коските има дури 23 одсто натриум а доколку ние со помош на исхраната не внесуваме доволно од него, нашиот организам потребното количество на натриум ќе започне да го зема од коските кои на тој начин ќе станат многу слаби и кршливи. Затоа е препорачливо да се јаде целер затоа што во него има големи количества на натриум.

Авокадо
Авокоадото е препорачливо да се јаде секојдневно а жените без конзумирање на оваа намирница буквално не треба да поминат ниту еден единствен ден. Авокадото на жените им помага во урамнотежувањето на хормоните а истовремено го спречува и појавувањето на ракот на матката и на јајниците. Најинтересно кај ова растение е фактот што откако ќе расцвета па се додека да помине процесот на развивање и зреење на плодот, поминуваат точно девет месеци.

Морков
Речиси и да нема човек кај нас кој не знае дека конзумирањето на морков помага во зачувување на видот. Доколку пресечете делче од морковот ќе видите дека неговата внатрешност многу потсетува на око.

Ѓумбир
Кога ќе го погледнете ѓумбирот ќе видите дека тој личи на желудник. Токму ова растение се користи за лекување на желудочни проблеми затоа што со негово редовно јадење тој многу ќе ви помогне со проблемите на тежина во стомакот и неудобното чувство на надуеност. Тој во себе содржи голем број на ензими, кои што пак претставуваат еден вид на катализатори на протеините кои се содржани во храната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...