Уапсена сопственичката на трговскиот центар во Кемерово

279

Руската полиција ја уапси Јулија Богданова, директорот на фабрика за слатки и трговскиот центар „Зимска вишна“ во Кемерово поради кршење на безбедносните мерки који беа причина за пожарот во кој загинаа 79 лица.

Според руската Истражна комисија, Богданова ќе биде обвинета за непочитување на третата точка од членот 238 од Кривичниот закон на Руската Федерација, според кој за кршење на безбедносни услови који довеле до смрт на две или повеќе лица.

-Од истрагата е утврдено дека Богданова повеќе пати била предупредена да ги исправи недостатоците во системот за заштита од пожари, но тоа не го сторила-соопшти Комисијата.

Во пожарот кој избувна на четвртиот спрат од центарот загинаа 79 лица, од кои 41 дете.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...