Ким Кардашијан ја отворила вратата на својот луксузен дом во Хиден хилс во Калифорнија, па покажала каде живее со сопругот Канје Вест и трите деца, Норт, Сеинт и Чикаго.
Старлетата белината која преовладува во нејзиниот дом ја нарекла „минималистички манастир“, а идејата е, всушност, инспирирана од нејзиниот сопруг Канје. Сето тоа го открила одговарајќи на 73-те прашања во изданието за „Вог“.
Пространи соби, и мошне малку детали ја красат семејната куќа, а Ким признала дека на Инстаграм, каде што има повеќе од 130 милиони следбеници, поминува само половина час дневно.
Таа ужива во родителството, а истакнала дека ѝ е особено мило кога ќе ја слушне потврдата на своите деца дека ја сакаат.
ФОТО: Скриншот