Нишкиот театар со „Брод на љубовта“ гостува во Драмски

154

Драмскиот театар во Скопје ќе биде домаќин на гостувањето на Народниот театар од Ниш со претставата „Брод на љубовта“ по текст на Небојша Ромчевиќ, во режија на Ангелчо Илиевски.

Ова е прво и возвратно гостување на нишкиот театар во ДТС кој во март на нивната сцена учествуваше со претставата „Фестен“ на меѓународниот фестивал „Театар на крстопат“.

На матичната сцена претставата е премиерно изведена во ноември 2016 година. „Брод на љубовта“, според истоимената драма, е траектот „Кримхилда“ што крстосува на релацијата Либек – Санкт Петербург. Неговите патници се сексуални печалбари од источноевропските (некогаш комунистичките) земји кои се во потрага по заработувачка и подобар живот, односно Европејци од средниот сталеж кои се во потрага по задоволства, забава и заборав.

Покрај режисерот Илиевски, во екипата од земјава се вклучени и сценографот Валентин Светозарев и костимографката Марија Пупучевска. Автор на музиката е Боривоје Младеновиќ, а кореограф Небојша Громилиќ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...