Британската актерка Ема Корин ќе ја глуми принцезата Дајана во четвртата сезона на реномираната серија „Круната“ (The Crown).
Нетфликс ја потврди одлуката во твит, додавајќи дека снимањето на сезоната ќе почне годинава. Корин рече дека е „мошне возбудена и почестена“.
– Залепена сум на оваа серија уште од првата епизода и фактот дека сега му се приклучувам на ова неверојатно талентирано семејство е надреален. Принцезата Дајана беше икона, а нејзиното влијание врз светот останува длабоко и инспиративно. Да добиете шанса да ја истражувате преку делото на Питер Морган е најизвонредната можност, и јас ќе се трудам верно да ја пренесам – вели Корин.
Дајана беше во брак со принцот од Велс од 1981 до 1996 година. Загина во Париз во сообраќајна несреќа во 1997 година. Беше позната по нејзиното залагање за добротворните цели, вклучувајќи ја и нејзината работа за справување со ХИВ и сида.