Алек Болдвин и сопругата го изгубија петтото дете ФОТО

Иако семејството стравувало дека ова може да се случи, тажната вест ѝ ја соопштил лекарот кога не го пронашол пулсот на нероденото дете.

1875

Иларија Болдвин на својот профил на Инстаграм редовно ги информираше своите следбеници како напредува нејзината петта бременост.

Сопругата на актерот Алек Болдвин, 35-годишната Иларија вчера на Инстаграм објавила и дека го изгубила бебето. Иако семејството стравувало дека ова може да се случи, тажната вест ѝ ја соопштил лекарот кога не го пронашол пулсот на нероденото дете.

„Денес на прегледот немаше отчукувања на срцето… така што готово е… но, имам некои силни и прекрасни отчукувања на срцето токму тука. Опкружена сум со толку љубов и се чувствувам многу среќно. Им благодарам на сите што ме сослушаа, поддржаа и ги споделија своите приказни. Посилни сме заедно… Се надевам дека приказната за ова ќе продолжи и дека ќе се држиме заедно низ убавите и предизвикувачки моменти во животот“, напишала Иларија под фотографијата со сопругот и четирите деца.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

ФОТО: Профимедиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...