На Универзитетот за здравје и наука во Орегон, Портланд е направена дисекција на труп од жена и притоа откриено е дека нејзините органи биле сосема различно распоредени. Таа не знаела за тоа цели 99 години.
Ворен Нилсон (26) бил во тимот кој пред себе ја имал жената стара 99 години која умрела од природна смрт. Нејзиното име било Роуз Мари Бентли, но студентите тоа тогаш не го знаеле. Поради почит кон починатата, на студентите не им се открива идентитетот на лицето кое лежи пред нив.
Меѓутоа, студентите и нивниот професор дознале колку е посебна госпоѓата Бентли. Заслужила единствено место во медицинските и историските книги.
Причината за тоа е што имала посебна состојба ситус инверсус со левокардија, односно сосема различен распоред на органите од левата и десната страна на телото. Нејзиното тело имало изглед како утроба на нормален човек во огледало. Оваа вродена аномалија ја направи Роуз единствената личност на планетата.
Веднаш по отворањето на градниот кош студентите биле сериозно збунети: или ништо не научиле или она што го учеле е погрешно, срцето не е на левата страна, вените не се онакви како на фотографиите во учебниците, белите дробови, слезината…
Доцент Камерон Вокер рекол дека можноста на светот да се наоѓа уште една личност како неа е еднаква на 1:50 милиони.
– Сигурна сум дека тој момент никој од нас присутните во салата за дисекција нема да го заборави – додала Вокер.
Тоа не е сè.
Кога во понатамошното истражување студентите ѝ го отвориле градниот кош за да ѝ го испитаат срцето, сфатиле дека ѝ недостасува големата вена која се наоѓа обично на десната страна. Професорот, исто така, бил зачуден што на срцето ги нема долните шупливи вени. Нилсен и другите млади студенти прегледувајќи го телото откриле дека нејзината долна шуплива вена се наоѓа на сосема спротивната страна на телото и дека се провлекува под дијафрагмата и се искачува по должина на градниот кош, се свиткува преку лакот на аортата, ги обиколува пршлените и влегува во десната срцева комора.
Госпоѓата Бентли е единствена од повеќе причини – имала низа аномалии и доживеала да умре од природна смрт на 99 години.
– Никогаш не се жалеше на некои поголеми здравствени проблеми. Односно најмногу што знам е дека имала настинка – објаснила третата ќерка на Бентли, Џинџер Робинс која истакнала дека нејзината мајка била одличен пливач.
Роуз Мари била дури и на операција наводно на слепото црево и лекарите на нејзините деца ништо не им рекле, а подоцна се покажало дека, всушност, ѝ била извадена матката.
Роуз со својот сопруг одлучиле да станат донори на органи за научни цели и нивните деца благодарение на тоа ја дознале вистината. А, целиот свет доби единствено откритие кое претставува огромен чекор во медицинската наука.
ФOTO: news.ohsu.edu/Bentley family