Претпријатијата кои се иновативни имаат 15 проценти побрз раст во продажбата отколку неиновативните, осум отсто побрз пораст на продуктивноста и на конкурентноста, како и побрз пораст на платите. Ова го изјави Габриела Кулебанова потпретседател на Сојузот и приватни здравствени установи (ПЗУ), на инфо сесија во Сојузот на стопански комори организирана за вториот повик за кофинасирани грантови за комерцијализација на иновации, што го спроведува Фондот за иновации, како дел од владиниот План за економски раст.
– Дополнително креирањето на поволен бизнис амбиент за развој на компаниите, во функција на зголемување на конкурентноста, инвестициите, извозот и иновациите се услов за долгорочен економски раст, а со тоа и општествен напредок – рече Кулебанова.
Таа додаде дека статистичките податоци укажуваат дека компаниите коишто внеле иновација во работењето имаат значајни резултати во намалување на трошоците, но и зголемување на работата и на профитот.
Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации информираше дека досега формуларот за апликација го пополниле околу 300 компании.
– Новина е што овој повик, покрај микро,мали и средни претпријатија сега е отворен и за приватни здравствени установи (ПЗУ) со доминантна домашна сопственост кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес. Остануваме отворени за сугестии и препораки од вас компаниите. Затоа и ги менуваме и прошируваме можностите за да им излеземе пресрет и на овој сегмент од економијата во кој лежи голем потенцијал за развој на иновации – изјави Депостовски.
За повикот објавен пред десет дена и којшто е отворен до 15 мај, досега се подигнати над 500 апликациски формулари. На располагање се пет милиони евра, од кои два милиона обезбедува Светска банка. Овој повик е наманет за сите микро, мали и средни претопријатија, а годинава може да аплицираат и приватни здравствени установи со доминантна домашна сопственост, новина воведена како предлог на ССК.