Бугарските велингденски трпези без македонско јагнешко

До лани, ќустендилци масовно одеа во Крива Паланка да пазарат поевтино јагнешко месо.

284

Бугарските тур-оператори масовно ги откажуваат еднодневните екскурзии до земјава поради строгата забрана за увоз на месо. Велат дека не сакаат да си имаат проблеми со граничните власти кои ги зајакнале контролите пред велигденските празници.

Како што пренесува бугарски „Монитор“, забраната за увоз на македонско месо во Бугарија не е од вчера, но контролите се интензивирани поради зголемената побарувачка. Според надлежните од граничниот премин Ѓушево, последниве денови на неколку луѓе им биле конфискувани различни прехранбени производи меѓу кои сирење, јајца и месо.

– Во нашата канцеларија постојано доаѓаат заинтересирани и прашуваат дали ќе организираме екскурзија до таму. Сакаат да го поврзат полезното и практичното, да купат  јагнешко и јајца за велигденската трпеза. Но, ние категорично ги откажуваме турите зашто не сакаме да имаме проблеми со граничните власти – истакнува тур-оператор од Ќустендил.

Сточар од дупничкото село Самораново вели дека сите 200 грла му се веќе капарисани. Цената за килограм жива мера е шест лева, а на заклано јагне 13-14 лева.

– Моите јагниња не стигнуваат во малопродажба зашто луѓето доаѓаат кај мене и директно од тука си купуваат. Некои сакаат обработено месо, затоа и цената е различна. Побарувачката е голема зашто секој сака да си купи квалитетно, највеќе пресно месо, а не со месеци стоено по фрижидери – вели сточарот.

До лани, ќустендилци масовно одеа во Крива Паланка да пазарат поевтино јагнешко месо.

Бугарски новинари утврдиле дека цената на јагнешкото во маркетите за Велигден достигнува 14 – 15 лева за килограм, но потрошувачите се сомневаат дали е тазе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...