Овие знаци ви ги праќа телото еден месец пред срцев удар!

Невообичаениот замор е еден од главните симптоми што укажуваат на можниот срцев удар.

1722

Срцевиот удар најчесто се најавува еден месец пред да настапи, а некои симптоми можете да ги воочите и шест месеци претходно.

Замор. Невообичаениот замор е еден од главните симптоми што укажуваат на можниот срцев удар. Кај жените почесто се јавува овој симптом отколку кај мажите.

Опис: Физичката или ментална активност не е причина за вашиот замор кој се зголемува до крајот на денот. Овој симптом е мошне јасен и не може да помине незабележан. Понекогаш е многу исцрпувачки да се завршат едноставните задачи, како што е местењето на креветот или туширањето.

Болка во стомакот. Болките во стомакот, мачнината во желудникот и чувството на подуеност се некои од најчестите симптоми. Подеднакво често се јавуваат и кај жените и кај мажите.

Опис: Болките во стомакот пред срцев удар се со епизодна природа, исчезнуваат и се враќаат во краток период. Физичкиот напор може да ги влоши.

Несоница. Несоницата е, исто така, поврзана со зголемениот ризик од срцев или мозочен удар, а почеста е кај жените. Несоницата често вклучува и високо ниво на анксиозност и отсутност.

Опис: Симптомите вклучуваат тешкотии со заспивањето, проблеми со одржувањето на сонот и будење рано наутро без аларм.

Краток здив. Краткиот здив е силно чувство дека не можете да вдишете длабоко. Често се јавува кај мажите и жените до шест месеци пред срцевиот удар.
Опис: Чувството е како да не можете да земете доволно воздух, се јавуваат и вртоглавици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...