Дева Касел, ќерката на Моника Белучи (54) и Винсент Касел (52), е новото лице на модната куќа „Долче и Габана“.
Италијанската актерка Моника Белучи, која важи за една од најубавите жени во светот, своите ќерки Дева и Леони ги криеше од очите на јавноста уште од нивното раѓање.
Сè до неодамна, кога светот конечно имаше шанса да ја види 14-годишната Дева, која е дел од новата рекламна кампања на модната куќа „Долче и Габана“. Судејќи по фотографиите, наследничката на италијанската убавица е „плукната“ мама.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин
ФОТО: EPA/CHRISTOPHE KARABA