Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и неговата сопруга се венчаа минатата година и таа е пета жена на Шредер. Неговата четврта сопруга се развела од него пред две години, но спорот помеѓу нив се уште трае.
Така минатиот месец на суд се сретнале Шредер и неговата сопруга со поранешната жена. Екссопругата ја тужи актуелната за клевета за датумот на разводот. Во судницата следела жестока кавга и обвинителот морал да ги раздвои странките во посебни простории. Предложено е проблемот да се реши без судење и пресуда, за да се постигне заедничко решение за двете страни.