Смртниот биланс од циклонот Идаи, кој минатиот месец ја погоди јужна Африка се искачи над 1000 лица.
Министерството за информации на Зимбабве денеска соопшти дека бројот на загинатите во земјата се искачил на 344, Мозамбик пријави 602 смртни случаи, а Малави најмалку 59.
Зимбабве, кој се бори со тешка економска ситуација, соопшти дека му требаат 612 милиони долари за да им помогне на преживеаните и апелира на меѓународна поддршка.
Обединетите нации го опишаа циклонот Идаи како една од најсмртоносните бури во јужната хемисфера.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб