За една недела кај Едрене запрени околу две илјади мигранти

68

Турските безбедносни сили минатата недела во северозападниот дел на земјата запреле околу две илјади илегални мигранти кои тргнале кон Грција.

Мигрантите тргнале кон областа Едрене, откако минатата недела на социјалните медиуми биле објавени лажни вести дека Турција ќе им дозволи да ја преминат границата.

Мигрантите се организираат на социјалните медиуми во групи под наслов „Конвој на Надеж“ и „Патување кон надежта“, и со такси, автобуси и возови заминуваат за Едрене, по што полицијата и жандармеријата ги зголемија патролите на сите патишта кон провинцијата и воспоставија контролни пунктови за ги запрат. Зголемени се и безбедносните мерки во близина на границата.

Во 2015 година, исто така, илјадници илегални мигранти тргнаа кон Едрене, откако слушнале гласини дека Германија ќе ги прифати и оти граничните премини ќе бидат отворени.

Турција е главната рута за илегалните мигранти кои се обидуваат да влезат во Европа, особено од 2011 година, кога почна граѓанската војна во Сирија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...