ММФ предвиде раст на економијата од три отсто годинава

Од земјите во регионот годинава највисок раст е предвиден во Косово 4,2 отсто, Албанија 3,7 отсто, Србија 3,5 отсто, Бугарија 3,3 отсто, Црна Гора 2,8 отсто и Хрватска 2,6 отсто.

52

Три проценти раст на домашната економија за годинава прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот Глобален извештај.

За наредната година прогнозата за растот на БДП во Северна Македонија е 3,1 отсто, а до 2024 година да достигне 3,5 отсто.

Од земјите во регионот годинава највисок раст е предвиден во Косово 4,2 отсто, Албанија 3,7 отсто, Србија 3,5 отсто, Бугарија 3,3 отсто, Црна Гора 2,8 отсто и Хрватска 2,6 отсто.

Во наредната година највисок економски раст ќе имаат Србија и Косово четири проценти, Албанија 3,9 отсто, БиХ 3,2, Бугарија три, Хрватска и Црна Гора 2,5 отсто.

ММФ во најновиот извештај ја намали глобалната прогноза за растот годинава на 3,3 отсто што е најмал раст од 2016 година. Претходната проекција беше 3,5 отсто. Причини за намалениот раст се трговските тензии од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, како и економските проблеми, пред се во богатите земји.

Понизок раст ММФ предвидува и за најсиланта светска економија американската, од претходно проектираните 2,9 на 2,3 отсто.

Во еврозоната растот годинава ќе биде 1,4 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...