Газдите на кучињата се посреќни од газдите на мачки

Сопствениците на кучиња се повеќе склони кон брак и купување сопствен дом, што секако влијае на среќата и задоволството во животот.

29
ФОТО: EPA / Peter Komka

Ново истражување спроведено во САД открива дека шест од десет домаќинства имаат домашно милениче, но и дека сопствениците на кучиња се посреќни од сопствениците на мачки.

Резултатите, исто така, покажуваат дека сопствениците на кучиња се повеќе склони кон брак и купување сопствен дом, што секако влијае на среќата и задоволството во животот. Тие едноставно знаат да побараат утеха од нивното милениче кога се под стрес и го сметаат за член на семејството.

Сопствениците на мачки пак, според анкетата на Истражувачкиот центар „Пју“, се двојно „помалку среќни“, а посреќни од нив се и луѓето кои немаат миленичиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...