Владата на Мадуро повлекла осум тони злато од сефот во централната банка на Венецуела и планира да ги продаде во странство со цел да ја зајакне домашната валута боливарот.
„Додека санкциите од Вашингтон го задушуваат ќарот од извозот на нафтената компанија во државна сопственост, ПДВСА, сѐ поизолираната влада на претседателот Мадуро се сврте кон резервите злато како единствен извор на странски валути“, пишува Ројтерс.
Според изворите, од почетокот на годината владата на Мадуро ги намалила златните резерви во централната банка за 30 тони.
Централната банка на Венецуела сега располага со 100 тони злато кои вредат над 4 милијарди долари.