Иако најчесто вниманието се свртува кон тоа дека возачите не ги почитуваат правилата во сообраќајот, пешаците не се ништо покусо. Неретко несовесни граѓани минуваат на црвено светло на пешачки премин. Понекогаш се правдаат дека немало автомобили во близина, а често тоа го прават и во метежи.
Се чини дека за поединци пешаците секогаш имаат предност на минување, дури и ако е запалено црвено светло за нив. Возачите постојано се осудуваат за брзо возење и слични прекршоци, но многумина забораваат дека има правила во сообраќајот и за пешаци.
На црвено светло минува и млад и стар. Ако некогаш нѐ учеа дека потребно е да се погледно добро лево и десно пред да поминеш улица, дури и ако семафорот покажува зелено за пешаци, сега навидум и не е баш така. Баби со внуци претрчуваат на црвено без око да им трепне, татковци со деца итаат без ниту да помислат на сообраќајните правила.
Брзиот живот во Скопје не е изговор за ваквите несовесни постапки, кои може да доведат до кобни последици.