СЗО: Во судирите во Либија загинаа 47 лица, околу 200 се повредени

80

Најмалку 47 луѓе загинаа, а околу 200 се повредени во последните три дена во конфликтите во Либија, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Калифа Хафтар, воен командант со седиште во источна Либија, минатиот четврток започна воена акција со амбициозен план да го освои главниот град Триполи, во кој се наоѓа седиштето на Владата на национално единство. Меѓутоа, по првичните успеси, кампањата вчера го изгуби здивот.

Тарик Јашаревиќ, портпарол на СЗО, денеска изјави дека меѓу загинатите се и двајца лекари, кои сакале да им помогнат на тешко ранети лица. Тој истакна дека нападите врз здравствените институции и вработените, претставува кршење на меѓународното право за човекови права.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...