Српски воен врв: Нема да дозволиме никакви обиди за државен удар

Српската војска им порачува на сите, и во земјата и во странство, дека не е и нема да биде средство за соборување на легалните и легитимните власти во Република Србија и насилното уривање на уставниот поредок, се наведува во соопштенеито.

335

Српската војска нема да дозволи никакви обиди за државен удар и предупреди дека секој кој ова го најавува и го бара треба да одговара според законот, соопштено е денеска по заедничката седница на колегиумот на министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот на српската Армија, Милан Мојсиловиќ.

– Српската војска им порачува на сите, и во земјата и во странство, дека не е и нема да биде средство за соборување на легалните и легитимните власти во Република Србија и насилното уривање на уставниот поредок, се наведува во соопштенеито.

Како што се истакнува, безбедносните предизвици предизвикани од воведувањето такси и формирањето на паравоени единици во Косово, наметнуваат српските вооружени сили со внимание да го следат секој настан кој може да предизвика немир меѓу косовските Срби.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...