Што смеете да јадете, а што не, ако ве мачат грчеви

Кофеинот, кој најчесто се наоѓа во кафето, чајот и во некои газирани пијалаци, може да придонесе за појава на грчевите.

333

Болните контракции на мускулите кои ги искусуваме во текот на грчот со интензитетот можат да нè разбудат од сон, но и да го оневозможат продолжувањето на активноста со која се занимаваме.

Грчевите може да се јават кога личноста е неподготвена за телесните напори на кои се изложува – лицата кои штотуку почнале да тренираат некој спорт или да вежбаат речиси е сигурно дека ќе искусат грчеви ако претераат со интензитетот на телесната активност.

Грчот трае неколку долги секунди до десетина минути, но непријатноста и болката може да продолжат.

Храна која помага
Ако имате проблеми со грчевите, важно е да консумирате производи кои содржат калиум, бидејќи овој минерал му помага на телото во разградувањето на јаглехидратите и изградувањето на мускулите. Затоа, дневната доза на храната богата со калиум може да ви помогне во отстранувањето на грчевите во нозете и во спречувањето на нивното повторно настанување.

Што да изберете? Грст сушено овошје, чаша сок од домати, сок од цитрусно овошје или млеко, портокал или банана – изборот е мошне разновиден. Важно е да пиете многу вода, бидејќи помага во циркулацијата и од мускулите ги отстранува материите кои ги предизвикуваат грчевите.

Храна која штети
Кофеинот, кој најчесто се наоѓа во кафето, чајот и во некои газирани пијалаци, може да придонесе за појава на грчевите, бидејќи влијае на стеснувањето на крвните садови и забавувањето на циркулацијата во мускулите. Префрлете се на кафе без кофеин, билни чаеви или вода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...