Британката Лале Шаравеш (55), би можела да добие две години затвор во Дубаи, бидејќи за новата сопруга на поранешниот сопруг напишала дека е „кобила“. И тоа во коментарите на Фејсбук. А, својот поранешен сопруг го нарекла „идиот“.
Таа била уапсена откако пристигнала на аеродромот во Дубаи, каде што отишла на погреб на поранешниот сопруг.
Лалех била 18 години во брак со поранешниот сопруг, а во тој период само осум месеци живеела во Обединетите Арапски Емирати.
Потоа со ќерката се вратила во Лондон, нејзиниот сопруг останал во Дубаи и двојката потоа и се развела.
Лалех во 2016 година открила дека нејзиниот сопруг повторно ќе стапи во брак. И тоа, откако ги видела фотографиите од новата двојка на Фејсбук.
Под фотографијата напишала два коментари, и тоа на персиски јазик, а едниот од нив гласел: „Се надевам дека си под земјата, идиоту. Проклет да си. Ме остави поради оваа кобила.“
Според законите на ОАЕ за сајбер-криминалот, лицето може да биде уапсено и казнето поради клевети на социјалните мрежи. Сега, на Шаравеш ѝ се заканува затворска казна од две години или парична казна во износ од 50.000 фунти, без разлика на тоа што овој коментар го напишала додека била Британија.
Ќерката на обвинетата Шаравеш, која има само 14 години морала сама да се врати во Велика Британија.
Извршната директорка на притворот во Дубаи, Рада Стирлинг изјавила дека Министерството за надворешни работи апелирало да ја повлечат тужбата против оштетената, но дека тоа било одбиено.