Холивудската актерка Фелисити Хофман и уште 12 богати родители ја признаа вината за давање мито за да може нивните деца да се запишат на елитни универзитети во САД, јавува Си-ен-ен.
Според обвинението, актерката Хофман, ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“, уплатила 15.000 долари на лажна хуманитарна организација поврзана со Рик Сингер, како би овозможила местење на резултатите на тестовите на својата ќерка за прием на факултетот.
На Хофман ѝ се закануваат и до 20 години затвор, но поради нејзиното признавање на вината, сојузнуите обвинители ќе препорачат што е можно помала затворска казна, парична казна од 20 000 долари и 12 месеци условна казна.
„Целосно ја прифаќам својата вина и со длабоко жалење и срам за она што го направив, прифаќам целосна одговорност за своите постапки“, изјавила актерката во соопштението.
Актерката Лори Лафлин сè уште не ја признала вината, како и нејзиниот сопруг, модниот дизајнер Масимо Џанули. Брачната двоја е обвинета дека во фондацијата на Сингер уплатила дури 500.000 долари во 2016 и 2017 за да може нивната ќерка да студира на универзитетот во Јужна Калифорнија.
Актерката Лори Лафлин сè уште не ја признала вината, како и нејзиниот сопруг, модниот дизајнер Масимо Џанули. Брачната двоја е обвинета дека во фондацијата на Сингер уплатила дури 500.000 долари во 2016. и 2017 година за да може нивната ќерка да студира на универзитетот во Јужна Калифорнија.
ФОТО: EPA/NINA PROMMER