Економијата ќари од финансиската интеграција во ЕУ

Во Виена, Ангеловска-Бежоска оствари и билатерални средби со високи претставници на Европската комисија, како и со своите европски колеги и со претставниците на меѓународните институции и на академската заедница. 

108

Релативно високиот степен на финансиска интеграција на замјава со ЕУ донесе значајни придобивки за нашата економија, како што се пристапот до надворешни извори за финансирање за поддршка на растот, поголемата понуда на финансиски производи за населението и корпоративниот сектор, изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел дискусија на конференцијата „Гледајќи назад, гледајќи напред“ организирана по повод петнаесетгодишнината од првиот бран на проширување на Европската унија во Виена.

– Нашиот финансиски систем, како и системите во останатите земји од Централна и јужна Европа е во голема мера поврзан со европскиот финансиски систем, што се согледува преку значителното учество во сопственоста од страна на европски банки. Релативно високиот степен на финансиска интеграција донесе значајни придобивки за нашата економија, како што се пристапот до надворешни извори за финансирање за поддршка на растот, поголемата понуда на финансиски производи за населението и корпоративниот сектор со што се поттикнува и штедењето и кредитирањето, како и трансферот на финансиски „ноу-хау“ – посочи таа.

Гувернерката го истакна и високиот степен на усогласеност на домашната регулатива за банкарскиот систем со европската регулатива, што придонесува за стабилноста и отпорноста на нашиот банкарски систем и истовремено создава услови за натамошна финансиска интеграција, што е особено значајно во контекст на нашата стратешка определба да бидеме дел од европското семејство.

На панел-дискусијата акцент беше ставен на состојбата во сферата на финансиите и банкарството во земјите од регионот на Централна и Источна Европа, како и во балтичките земји, пред и по проширувањето на ЕУ. Притоа се разговараше и за најновите случувања, предизвиците и можностите во иднина.

На Конференцијата се разговараше за влијанието на членството во ЕУ врз реформите и макроекономските политики и врз финансиската интеграција во регионот, како и за значењето на членството во ЕУ за забрзување на конвергенцијата на економиите, при што се разгледа улогата на трговијата, инвестициите, финансиската интеграција и институционалните канали.

Истовремено, во дискусиите, големо внимание им се посвети и на начините на кои членството во ЕУ може да помогне преку промовирањето стабилно макроекономско окружување и подлабока и побезбедна финансиска интеграција

Во Виена, Ангеловска-Бежоска оствари и билатерални средби со високи претставници на Европската комисија, како и со своите европски колеги и со претставниците на меѓународните институции и на академската заедница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...