„Таленти во движење“ од Ротердам гостува на Танц фест

102

На 15. „Танц фест“ вечерва ќе гостува Академијата за танц од Ротердам со перформансот „Таленти во движење“.

На сцената на Македонскиот народен театар од 20 часот холандските танчари ќе претстават осум кореографии.

„Танц фест“ беше отворен во четвртокот со „Идентитети“ на Скопје танцовиот театар.

Под мотото „Идентитети што не смеат да се пропуштат“ фестивалот ќе се одржува до 23 април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...