Путин: САД со одлуката за Голанската Висорамнина ја кршат резолуцијата на ОН

145
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Претседателот на Русија Валдимир Путин денеска изјави дека одлуката на САД да ја признаат Голанската Висорамнина како територија на Израел претставува кршење на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Што се однесува за признавањето на Голанската Висорамнина како дел од израелска територија, го знаете ставот на Русија за тоа – рече Путин по разговорот со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.

Рускиот претседател истакна оти таквата одлука на Вашингтон е спротивна на релевантната Резолуција на Советот на безбедност на ОН

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...