Излезе новиот роман на Оливера Николова

125

„Матица македонска“ го објави романот „Песот со тажен поглед“ од Оливара Николова. Најновото дело на познатата писателка е автентично сведоштво за човечките судбини во Првата светска војна, кои засолниште наоѓаат во Британската воена болница во Скопје.

„Романот „Песот со тажен поглед“ по својата тематска определба и по својата естетска носивост претставува извонредно сплетен мозаик, кој говори за трагични мигови што се случувале на балканските простори. Во богатата литературна хроника, авторката мајсторски го гради дејствието и на показ изнесува трагични судбини. Вешто ја следи тенката линија меѓу животот и смртта, меѓу заблудата и стремежот, меѓу среќата и тагата, меѓу занесот и искушението“, истакнува издавачката куќа.

Оливера Николова во изминатите четири децении создаде богат прозен опус, со што обележа  значајна етапа во развојниот процес на современата македонска литература.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...