Заштитник за приватност на Нов Зеланд: Фејсбук е морално банкротиран

66

Новозеландскиот комесар за заштита на приватноста Џон Едвардс оцени дека социјалната мрежа Фејсбук морално банкротирала и се заложи неговата земја да ја следи Австралија која воведе закони кои предвидуваат апсење на директорот на мрежата ако насилство се пренесува во живо, како што беше случајот со нападот на џамиите во Крајстчрч.

Едвардс и претходно го критикуваше Фејсбук поради тоа што убиецот од Крајстчрч во живо преку таа социјална мрежа пренесуваше делови од убивањето муслимански верници во две џамии. За Радио Нов Зеланд Едвардс рече дека владите треба да се здружат и да ги натераат социјалните мрежи да пронајдат решение за во живо да не се пренесуваат ужасни дела преку нивните платформи.

Фејсбук реагираше дека е длабоко посветен на јакнење на својата политика, подобрување на технологија и соработка со екперти за да ја одржат платформата безбедна.

Австралија минатата недела усвои закони, според кои на социјалните мрежи ќе им се изрекуваат казни од 10,5 милиони австралиски долари или до десет проценти од нивната годишна добивка, а директорите на овие компании ќе ги казнува со до три години затвор доколку „одбивните насилни содржини“ не се „експресно” отстранети, според новиот закон што денес го изгласа парламентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...