Деветнаесетгодишната Ива го изгубила животот во саботата, по пад од зграда во Ниш, додека снимала видео за социјалните мрежи со пријатели.
Зградата била на пет спрата. До трагедијата дошло во моментот кога Ива снимајќи со телефонот и движејќи се наназад, дошла до ивицата на кровот на зградата, изгубила рамнотежа и паднала од висина од околу 15 метри на бетон.
Несреќната девојка починала на лице место.
– Имаме стан во Ниш во кој живееше Ива. Ги знам момчињата со кои се дружеше повеќе од две години. Мојот другар ми се јави и ми кажа што се случило. Ива планираше да се запише на Филозофскиот факултет – рекол нејзиниот брат.
Не можел да каже кога ќе биде погребана, бидејќи телото било на обдукција.