Шест турски граѓани се приведени во Косово поради поврзаност со училишта финансирани од движењето на Фетулах Ѓулен, кое Анкара го смета за одговорно за обидот за пуч во јули 2016 година.
Нази Улус, директор на едно од училиштата изјави дека едниот од приведените Турци, Мустафа Ердем бил директор на сите училишта на Ѓулен во Косово.
Дел од балканските држави се под притисок на Турција да затвораат приватни училишта поврзани со муслиманскиот проповедник Ѓулен кој живее во САД. Тој отфрла каква било врска со пучот во 2016 година во Турција.