Ана Џејкобс од Холандија ја доби „Златната пепрутка“ на натпреварот за млади кореографи Танцлаб 2019 што ѝ овозможува да креира продукција со Скопје танцовиот театар.
Во финалето на Танцлаб настапија седум кореографи – Бобан Русески, Бартош Восцински од Полска, Дана Маркус од Израел, Клеменс Џаглет од Франција, Егор Меншиков од Русија, Ана Џејкобс од Холандија и Јасмин Систи од Италија.
Програмата ја следеше стручно жири во состав: Самуел Вуерстен, генерален и уметнички директор на фестивалот „Holland Dance Festival“ и член на бордот на КОДАРТС универзитетот од Холандија, Дидие Дешам, директор на Националниот танцов театар „Шајо“ во Париз, Франција, Зао Шји, директорка на интернационалниот фестивал „The New“ во Пекинг, Кина и Меххмет Балкан, шеф кореограф на Националните балети на Турција.
По настапите беше прогласен победникот,