Американската тенисерка Серена Вилијамс (37), долгогодишна пријателка на војвотката Меган Маркл (37), случајно во своето последно интервју за „Е!Њуз“ открила нови детали за кралското бебе кое треба наскоро да се роди.
Со месеци кружат гласини за тоа дали бремената војвотка од Сасекс носи момче или девојче, а во речиси секое интервју Серена ја испрашуваат за Меган, но изгледа дека овојпат таа се збунила и открила дека станува збор за девојче.
– Таа ќе биди најдобра мајка, тоа е сигурно – рекла Серена додека во интервјуто јасно зборувала за бебето на својата пријателка во женски род. Тоа секако, веднаш го забележале обожавателите на кралското семејство. Иако во ниту еден момент не се спомнало името на Меган, зборувала за пријателката дека секој момент треба да роди и дека чека девојче.
Фото: Принтскрин/Јутјуб