Скратено работно време по породилното, користат по десетина жени од компаниите-иницијатори

Иницијативата за дополнителни три месеци скратено работно време после породилното, која ја почна „Витаминка“, а потоа се придружија и компаниите „Макпрогрес“, „Европа“ и „Фитофарм“, досега ја користат само мајките. Дали оваа можност можат да ја користат и новопечените татковци?

430

Неодамна, на иницијатива на компанијата „Витаминка“ новопечените мајки вработени во оваа компанија добија можност за дополнителни три месеци скатено работно време по завршувањето на породилното боледување. На иницијативата ѝ се приклучија и компаниите „Европа“, „Макпрогрес“ и „Фитофарм“.

Моментално, од 350 жени кои работат во Витаминка, десетина се на породилно отсуство. Истите по враќањето на работното место, со донесувањето на оваа одлука, ќе можат да ја искористат можноста три месеци да работат со скратеноработно време, а со сите можности кои ги нуди компанијата.

„Ова ќе им овозможи на вработените полесно влегување во професионалните обврски и во деловното окружување“, вели Наташа Стојковска, директорка на набавка и логистика во Витаминка.

Марика Караџова, генерален директор на АД Европа вели дека во нивната компанија во моментот на породилно отсуство се околу 10 работнички, а дополнително на породилно треба да одат уште 5 кои по враќањето на работа ќе може да ја искористат можноста за скратено работно време.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...