Пожарот на Водно е локализиран

500
20160216 Tuesday pozar evn plostad zgrada

Пожар избувна вечерва на планината Водно, во пределот над Клиниката за детски болести „Козле“ е локализиран 80 проценти, под контрола е, и се работи на дорасчистување на жариштата, изјави за МИА Владимир Симоновски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Во гаснењето на пожарот првично се интервенираше со три возила и десет пожарникари, по што е испратено уште едно возило. Се вклучиле и седум лица од ЈП „Паркови и зеленило“, од каде се надлежни за шумата.

Како што информира Симоновски, по целосно расчистување на пожарот ќе објават информации за причината за пожарот и што е зафатено со него.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...