Дизајнерот Марк Џејкобс стапи во брак со неговиот свршеник Чарли Дефранческо на раскошна церемонија во Њујорк, која собра ѕвезди од модната и забавната индустрија, соопштија „Мејл он сандеј“ и „Сандеј мирор“.
Тој има 55 години, а Чарли Дефранческо, кој е поранешен модел, има 37. Тој и Марк Џејкобс се во врска од 2015 година, а минатата година се верија.
На церемонијата гости беа Кејт Мос, Наоми Кемпбел, Емили Ратајковски, Каја Гербер, Рита Ора, а присуствуваше и главната уредничка на магазинот „Vogue“, Ана Винтур.