Демонстрантите не отидоа до „Пинк“: Повеќе не паѓаме во тие стапици

589
Вечерва во Белград се одржа 18-от граѓански протест „Еден од пет милиони“, што како што и беше најавено започна пред Владата на Србија, но најавеното протестно шетање до зградата на ТВ „Пинк“ не се одржа.
Пред повеќе илјади приврзаници на опозицијата, пред зградата на Владата се обрати актерот и член на Демократската странка Бранислав Лечиќ, кој барајќи отпочнување на лустрација во Србија, посочи дека таа би требало да започне од сопственикот на ТВ „Пинк“ Жељко Митровиќ, најавувајќи дека шетањето до ТВ „Пинк“ нема да се одржи.
– Тоа беше стапица. Никогаш повеќе нема да паднеме на такви замки – рече Лечиќ, додавајќи дека планот на власта да го прогласи Бошко Обрадовиќ за лидер на целата опозиција и дека, откако веќе го етикерираа како „фашиста“ и „љотичевац“, така ќе ја дисквалификуваат целата опозиција, а потоа овој „грд јазик“ да го претворат во јазик на „окупираните медиуми“ со цел да се оправда употребата на насилство против учесниците на протестите за да се зачува системот.

– Јас гласно му се смеам на Жељко Митровиќ – ха, ха, ха, ти наседна! Никогаш не сакавме да ги малтретираме луѓето да одат два часа до „Пинк“ – рече Лечиќ и потсети дека за демонстрантите пред ТВ „Пинк“ на Бањица веќе е организиран „пречек“ со звучници, транспаренти, „платеници кои треба да предизвикаат неред“ и полицајци облечени во цивилна облека.

Тој, исто така, оцени дека инцидентите пред Градското собрание завчера и вечерашниот „пречек“ пред „Пинк“ е со цел да се спречи големиот митинг на 13 април.

Пред ТВ „Пинк“, пред 18 часот, беа лидерите на Сојузот за Србија и положија венец со фотографијата на еден од убиените водачи на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, со пораката „Ќе дознаеме кој ти направи мета со спотот на Пинк, ветуваме“.

Пред ТВ „Пинк“ вечерва беа поставени столови со пијалаци, бина и звучници со бројни редари во околината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...