По добиена дојава за бомба, евакуирани се патниците од авион на московскиот аеродром „Домодедово“.
– Летот на линијата Москва – Токио е евакуиран по анонимна закана за бомба, изјавија од аеродромската служба.
Според нив, заканата е добиена од украинските радикали.
На аеродромот „Домодедово“ има засилени мерки за безбедност.