Во Иран се евакуирани илјадници жители поради поплави

152

Иако на повеќе места е поставена заштита од поплавите, сепак, под силен притисок таа би можела да попушти и да ги загрози животите на луѓето во околните места.

Властите беа принудени да ги попуштат вентилите на браната на Каркех.

– Населението во шест града и околни места мора да се евакуира што побрзо – изјави гувернерот на покраината Кузестан, Голамреза Шариати.

Претходно министерот за внатрешни работи Абдолреза Рамани Фази изјави дека околу 400.000 луѓе се загрозени во провинцијата која има околу пет милиони жители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...