Козби постигна договор со жените кои го тужеа за клевета

1271

Американскиот комичар Бил Козби постигна судска спогодба со седум жени кои против него поднесоа тужба за клевета, откако тој ги обвини дека лажат дека сексуално ги злоставувал.

Двете страни постигнале спогодба пред федералниот суд во Спрингфилд, во американската држави Масачусетс.

Козби (81) од минатата есен е во затвор каде отслужува казна од три до 10 години по одвоена тужба за сексуално злоставување жена во Пенсилванија. Козби поднесе жалба на пресудата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...