ЕК одблиску ја следи ситуацијата со мигрантите во северниот дел на Грција

58

Европската Комисија одблиску ги следи случувањата во северниот дел на Грција со групата бегалци и мигранти кои се упатиле кон Солун и наводно се обиделе да пробијат полициски кордон и да се упатат кон Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Ги следиме одблиску случувањата и во постојан контакт сме со надлежните грчки власти и агенциите на ЕУ – изјави портпаролката на ЕК, Тове Ернст.

Според информациите објавени во медиумите, околу петстотини бегалци, пред сѐ жени и деца, вчера се упатиле кон Солун поради лажна вест според која границата кон балканската рута ќе се отвори.

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, исто така е во контакт со властите во Грција, нагласија од Европската Комисија.

– Добивме уверување од грчките власти дека тие се мобилизирани за избегнување на нерегуларни движења, ќе продолжиме да вршиме мониторинг во текот на денот – изјави Ернст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...