Корисници на социјалните мрежи ширум Кина го охрабруваат 70-годишниот маж да се пријави за Гинисов рекорд, откако на интернет почнале да кружат фотографии од неговата коса долга 5,5 метри.
Човекот што своите суканици ги држи замотани околу главата како турбан тврди дека не се потстрижал цели 54 години. Необично долгата коса на овој човек стана позната на социјалните мрежи во Кина откако неговата ќерка го однела во фризерски салон за да ја измие косата, што кај него е долг и чест процес.
Додека бил во салонот некој го снимил како ја мие и суши косата. За тој процес биле потребни тројца или четворица вработени, а процесот траел повеќе од три часа. Ќерката на овој човек го ставила видеото на интернет каде што за кратко време станал вирален хит со околу 1,5 милиони прегледи за само неколку денови.
Луѓето го охрабруваат човекот да се пријави за Гинисов рекорд, но неговите причини за долгата коса не се поврзани со пари. Кога имал 23 години, тој добил идеја да не ја потстрижува косата, затоа што така неговото семејство ќе биде здраво и оттогаш не се потстрижал.
Неговата ќерка им открила на медиумите дека за време на доцните 70-ти години некој му дал понуда од 570 долари за неговата коса, но тој одбил бидејќи здравјето на неговата фамилија било поважно.
ФОТО: Јутјуб/Принтскрин